Според истрагата на новинарката Нора О’Донел, Иран погодил најмалку 31 американски воен објект во осум земји, оштетувајќи стотици згради и други структури. Прилогот ги разгледува и наводите за пропуштени предупредувања пред нападот врз армиско командно место во Кувајт, во кој ирански дрон уби шест американски војници во првите 24 часа од борбите. Си-би-ес њуз го опишува како најсмртоносниот напад врз американските трупи во војната со Иран.
Мајорот на американската армија Стивен Рамсботом во прилогот објасни зошто поднел пријава како укажувач до комитетите за вооружени сили на Претставничкиот дом и Сенатот. Нападот врз американскиот објект во Кувајт на 1 март го оцени како тактички неуспех на армијата, на раководството и на самиот себе. О’Донел разговараше со преживеан војник кој сега е укажувач и со семејства на загинатите. Продуценти на прилогот се Мајкл Каплан и Џона П. Каплан.
Трамп, пак, во реакцијата на „Truth Social“ тврди дека од 28 февруари 2026 година, кога почнала операцијата „Epic Fury“, Иран лансирал меѓу осум и девет илјади дронови за еднократен напад. Според него, само два ја пробиле одбраната и предизвикале американски смртни жртви, во Кувајт и во Саудиска Арабија, и двата на првиот ден. Тој наведе и дека од околу 2.000 ирански балистички ракети, само една ја пробила одбраната и предизвикала американски смртни жртви, во Јордан.
Претседателот тврди дека 99,99 отсто од иранските ракети и дронови биле соборени или, во секој случај, не предизвикале смрт на Американци. Одбранбените мерки на американската Централна команда, ЦЕНТКОМ, ги оцени како историски ефикасни и без конкуренција во светот, обвинувајќи ја „60 Minutes“ дека го изоставила тоа од извештајот.
Трамп го нападна и новото раководство на емисијата, оценувајќи дека е уште полошо од претходното, иако порано ги фалеше Си-би-ес њуз и главната уредничка Бари Вајс. „Варајети“ побарал коментар од телевизијата.
Главниот извршен директор на „Paramount Skydance“, Дејвид Елисон, ја купи „The Free Press“ на Вајс во зделка вредна, според медиумските извештаи, 150 милиони долари, а потоа ја назначи да ја надгледува уредувачката работа на Си-би-ес њуз. Елисон го образложи назначувањето како обид да се врати довербата на гледачите.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.