Проектот ја претстави работата на училишниот медиумски клуб: како е организиран, како создава медиумски содржини и какви можности им нуди на младите за развивање на креативноста, истражувачките способности и медиумската писменост. Го презентираа учениците Андреј Димов и Костадин Узунов, под менторство на Тони Аврамов.
На годинашниот натпревар учествуваа 100 училишта од Македонија, Србија, Словенија, Црна Гора и Бугарија. Натпреварот се одржа под покровителство на претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова.
МАКИНОВА традиционално вклучува стручна евалуација на пријавените трудови и доделување признанија и награди за најуспешните учесници. Досегашните изданија ги организирале Сојузот на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања на Македонија (СПАТУМ) и Народна техника на Македонија.
Изложбата има долгогодишна традиција во Македонија и опфаќа пронајдоци, иновации, патенти, нови технологии и производи, технички унапредувања, индустриски дизајн и трговски марки, како и младинско истражувачко и креативно творештво. Од училиштето ја оценуваат како значајна за поттикнување на истражувачкиот дух и иновативното размислување кај младите, но и за поврзување на образованието со практичната примена на знаењето.
Како дел од манифестацијата традиционално се организира и ЕКОНОВА, изложба посветена на иновации, пронајдоци и истражувачки идеи за заштита и унапредување на животната средина.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.