Кедев е највозрасниот човек во светот кој ги искачил сите 14 планински врвови повисоки од 8.000 метри. Воедно, тој е и највозрасниот човек што го комплетирал престижниот „Mountaineering Grand Double“, кој ги обединува искачувањето на овие 14 врвови и највисоките врвови на сите седум континенти.
Неговото патување меѓу највисоките планински врвови во светот започна на 19 мај 2009 година, со искачувањето на Монт Еверест.
Шеснаесет години подоцна, на 20 јули 2025 година, на возраст од 63 години и 14 дена, Кедев го искачи врвот Гашербрум I (8.080 метри) во Пакистан, со што го комплетираше искачувањето на сите 14 осумилјадници.
Највисоките врвови на седумте континенти ги имаше освоено уште во ноември 2011 година. Со завршувањето на предизвикот со осумилјадниците стана првиот Македонец кој ги реализирал двата престижни алпинистички предизвици.
Денес, на 64-годишна возраст, Кедев добива официјално светско признание за своите долгогодишни подвизи на Хималаите, Каракорум и другите големи планински масиви во светот.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.