Најважно
388 вести · 24 ч.
Берово 3°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Третоодделенци ја пееја „Градот убав“ низ Скопје за неговиот 82. роденден

Фотографија од настанот · ООУ Блаже Конески — Аеродром
Фотографија од настанот · ООУ Блаже Конески — Аеродром
  • Со ранчиња на грб и картички во рацете, тие го прославија роденденот и преку разговори со минувачите.
  • Од училиштето велат дека нивното пеење ги разнежнило случајните минувачи.
  • По убавото време, прошетката ги одведе до центарот на Скопје.

Учениците од „III-5“ одделение во ООУ „Блаже Конески“ во Аеродром го одбележаа 82. роденден на Скопје со прошетка низ градот, пеејќи ја фестивалската песна „Градот убав“. Со ранчиња на грб и картички во рацете, тие го прославија роденденот и преку разговори со минувачите.

Учениците направија мала анкета со прашањето „Дали знаете колку години слави нашиот град?“ На постарите сограѓани, пак, им одговараа зошто градот слави роденден, со објаснувања соодветни на нивната возраст. Од училиштето велат дека нивното пеење ги разнежнило случајните минувачи.

По убавото време, прошетката ги одведе до центарот на Скопје. Попатно поминаа и пееја покрај црквата „Елена и Константин“, железничката и автобуската станица, „Џамбо“ и „Веро центар“. Прошетаа и покрај кејот на Вардар, скопскиот плоштад, Камениот мост, Старата скопска чаршија и Македонската филхармонија.

Активноста ја реализираа одделенските наставнички Љупка Николовска и Ивана Младеновска.

Плакат за настанот · ООУ Блаже Конески — Аеродром
Плакат за настанот · ООУ Блаже Конески — Аеродром
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.