Најважно
388 вести · 24 ч.
Берово 3°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Децата во кумановското „Развигорче“ вежбаа со родител професор по физичко

Извор на фотографијата: Ангел Шајче — Куманово
Извор на фотографијата: Ангел Шајче — Куманово
  • Децата вежбаа и играа подвижни игри со родителот Дарко Ангеловски.
  • Акцентот беше на правилното држење, координацијата, рамнотежата и физичката издржливост.

Со гимнастички вежби и подвижни игри, децата во објектот „Развигорче“ на градинката „Ангел Шајче“ во Куманово вежбаа заедно со родител кој е професор по физичко образование. Активноста беше насочена кон правилното држење на телото, координацијата, рамнотежата и физичката издржливост.

Во активноста „Се движиме, вежбаме и се забавуваме“ учествуваа децата од групата „Б“ на возраст од четири до пет години, заедно со родителот Дарко Ангеловски. Преку разновидните вежби и игри, целта беше да се развиваат моторичките способности и координацијата на движењата, како и да се поттикне љубовта кон спортот и физичката активност.

Од градинката ја опишаа атмосферата како весела и мотивирачка и оценија дека заедничкото вежбање ги поттикнало соработката, дружењето и позитивната поврзаност меѓу семејството и градинката.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.