Форумите ќе се одржат во холот на административната зграда на Општина Карпош, од 15:00 до 17:00 часот. Целта е заеднички да се утврдат развојните приоритети, а граѓанските идеи и барања да можат да прераснат во конкретни проекти и активности.
Првиот форум е наменет за Влае, Злокуќани и Бардовци, односно за урбаните заедници Влае 1, Влае 2 и Злокуќани и за месната заедница Бардовци.
Вториот форум ги опфаќа Карпош и Тафталиџе, со урбаните заедници Карпош 1, Карпош 2, Карпош 3, Карпош 4, Тафталиџе 1 и Тафталиџе 2.
Третиот форум е за Козле, Млечен и Нерези. Во него се вклучени урбаните заедници Кузман Јосифовски-Питу (КЈП), Пецо Божиновски-Кочо (ПБК), Владо Тасевски (Млечен) и Нерези.
Граѓаните можат да ги испратат своите предлози и на е-поштата gradjanskibudjet_2027@karpos.gov.mk.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.