Најважно
388 вести · 24 ч.
Берово 3°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Четири контејнери опожарени во Ново Лисиче и Чаир, поставени се нови

Извор на фотографијата: ЈП Комунална хигиена – Скопје
Извор на фотографијата: ЈП Комунална хигиена – Скопје
  • Опожарените контејнери во Ново Лисиче и Чаир се заменети со нови.
  • Сите случаи на опожарување се пријавени до надлежните органи.
  • Изминатата седмица низ Скопје се отстранети 760 кубни метри отпад.

Четири контејнери за комунален отпад беа опожарени изминатиов викенд во скопските општини Аеродром и Чаир. ЈП „Комунална хигиена-Скопје“ ги замени со нови за да не се наруши динамиката на одлагање, собирање и транспорт на отпадот.

Во населбата Ново Лисиче во Аеродром опожарени се два пластични контејнера, а на булеварот Македонско-косовска бригада во Чаир два метални. Сите четири биле со зафатнина од по 1,1 кубен метар. Според претпријатието, ги опожариле непознати сторители.

Сите случаи се пријавени до надлежните органи. Од „Комунална хигиена-Скопје“ очекуваат мерки за пронаоѓање и санкционирање на сторителите и апелираат да престане уништувањето на контејнерите, за екипите навремено да ги извршуваат теренските обврски согласно Оперативната програма за работа.

Покрај замената на опожарените контејнери, екипите изминатата седмица отстранија 760 кубни метри мешан комунален, кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемото количество отпад од диви депонии, 190 кубни метри, е расчистено во општината Центар.

За правилното постапување со отпадот и придобивките од примарната селекција, односно неговото одвојување на местото каде што се создава, беа одржани и еко-предавања во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода. Со нив беа опфатени 100 ученици од четвртите одделенија.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.