Посетата беше практична настава по предметот „Историја и општество“. Учениците се запознаа со надлежностите на градоначалникот и на општината, како и со нејзината историја.
Градоначалничката ги пречека учениците, кои во разговорот прашуваа и кои проекти се реализираат за младите и како изгледа еден нејзин работен ден. Стаменкоска Трајкоска ги опиша како љубопитни и заинтересирани да учат за својата општина.
Таа оцени дека вложувањето во образованието на најмладите и запознавањето со институциите од рана возраст се основа за градење свесни и активни граѓани, кои во иднина ќе ја продолжат работата на сегашните генерации.
Општина Кисела Вода останува отворена за слични иницијативи и ја поттикнува соработката со основните училишта. Целта е учењето преку директно искуство да стане дел од секојдневниот образовен процес.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.