Учесниците и музичките изведувачи настапија со познати песни и ора, а средбата беше посветена на поврзување на Македонците, особено на оние со корени од Егејскиот дел, и на негување на спомените, традицијата, културното наследство и македонскиот национален дух.
Градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски, кој присуствуваше на настанот, ја оцени средбата како израз на единството, заедничките корени, историјата и љубовта кон Македонија. Тој порача дека песната, јазикот, културата и традицијата се дел од националното наследство што треба да се зачува и да им се пренесе на идните поколенија.
Средбата ја организираше Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип, во соработка со Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија и децата бегалци „Македон“, со поддршка од Општина Штип. Во името на домаќинот, присутните ги поздрави претседателот Стојан Димков.
Меѓу гостите што присуствуваа и ги поздравија собраните беа архимандритот Никодим Царќнас и Ристе Причков од Егејскиот дел на Македонија, како и поранешниот градоначалник на Пустец, Едмонт Темелко. Од Пиринскиот дел на Македонија присуствуваше делегација предводена од Киро Тилев.
На настанот беа и пратеникот и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, градоначалникот на Штип, Иван Јордан, градоначалникот на Карбинци, Виктор Паунов, и претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.