Превентивната акција ја спроведоа Општина Кочани, ОСБСП Кочани и ПС Кочани во централното градско подрачје, на експресниот и на магистралниот пат. Повод беше почетокот на обврската на 15 ноември.
На учесниците во сообраќајот им беше посочено да обезбедат соодветни зимски пневматици и да носат синџири за снег. Меѓу препораките за опрема во автомобилот се и течност за шофершајбна до -20 °C, четка и стругалка за снег, ракавици, батериска ламба, прва помош и рефлектирачки елек.
Покрај подготовката на возилото, акцијата беше насочена и кон одговорното возење во зимски услови. Возачите беа советувани во магла да одржуваат безбедно растојание и да користат светла соодветни на условите на патот, а брзината на движење да ја приспособуваат на патните услови.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.