Најважно
383 вести · 24 ч.
Берово 3°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Седум малолетници затекнати како пијат алкохол во локал во скопски Центар

Фотографија од настанот · Министерство за внатрешни работи
Фотографија од настанот · Министерство за внатрешни работи

Седум малолетници биле затекнати како консумираат алкохол во угостителски објект во скопски Центар при ноќешните полициски и инспекциски контроли.

При проверките на неколку угостителски објекти било забележано и дека тобако продава алкохол на малолетници. Заедно со Државниот пазарен инспекторат се преземени мерки за санкционирање.

Контролата ја спровеле полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар со Државниот пазарен инспекторат, од синоќа во 22 часот до утрово во 7 часот. Констатирани се 18 прекршоци по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а едно лице е лишено од слобода за безобѕирно управување моторно возило.

Во текот на акцијата, 12 лица се лишени од слобода по член 215, а три по член 204 од Кривичниот законик. Уште пет лица се приведени по членовите 4 и 6 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Во истиот период, Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје контролирала и техно-журка во подземниот паркинг „Кресненско востание“. Легитимирани се 65 лица и прегледани се 13 возила, а едно лице е лишено од слобода по член 215 од Кривичниот законик.

МВР најави соодветни санкции за сите констатирани прекршоци.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.