Резултатите од истражувањата на стручните тимови беа јавно презентирани на 13 ноември. Проектот го опфаќа периодот од 2025 до 2026 година и е финансиран од Министерството за образование и наука.
Покрај работата со охридската пастрмка, посебно внимание беше посветено на следењето и контролата на инвазивните видови риби во Охридското Езеро. Целта е да се процени нивното влијание врз автохтоната рибна фауна и да се зачува природната рамнотежа на езерскиот екосистем.
Истражувањата ги опфатија физичко-хемиските карактеристики на водата, фитопланктонот и зоопланктонот, водниот растителен свет, микробиолошките показатели, паразитската и рибната фауна, како и бентосните организми, односно организмите што живеат на дното.
Преку физичко-хемиските и биолошките показатели беше разгледана состојбата на езерото, заедно со промените на биолошките заедници во различни делови од езерото и во различни сезони. На презентацијата беше нагласена важноста на континуираното следење за согледување на еколошката состојба и промените во екосистемот.
Заводот ги оценува резултатите како придонес кон подобро разбирање на состојбата и динамиката на Охридското Езеро и како научна основа за негово долгорочно следење, управување и заштита.








Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.