Според Клековски, најголемиот дел од средствата во здравството се трошат за лекување хронични болести, при што ги наведе високиот притисок, дијабетесот, срцевите и мозочните удари. Тој посочи дека голем дел од овие заболувања се развиваат со години и можат да се спречат, поради што е потребно насочување од болничко лекување кон превенција.
Клековски се повика на препораката на Светската здравствена организација за 150 до 300 минути умерена физичка активност неделно. Како практичен пример го наведе брзото одење по половина час, пет дена неделно, со што се достигнуваат 150 минути активност.
Разговорот се одржа утрово на панелот „Фитнес како инфраструктура во јавно здравје“, на форумот организиран од НМА – Асоцијација за рекреација и велнес.
На панелот учествуваа и Кај Трол, извршен директор на „EuropeActive“, Ѓорги Тасев, генерален секретар на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, и Гордана Цветковска Бошевска, специјална советничка во Кабинетот на министерот за спорт. Модераторка беше Магдалена Спасовска, потпретседателка на НМА.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.