Како показател за опфатот со палијативна нега, Клековски наведе анализа од 2019 година според која само 10% од онколошките пациенти добиле таква нега.
Според министерот, додека општата потреба од болнички кревети опаѓа, потребата од долгорочна грижа расте. Тој го поврза тоа со стареењето на населението и со сѐ поголемиот број луѓе кои живеат подолго со хронична болест.
Покрај воспоставувањето повеќе модели на долгорочна грижа, Клековски најави и работа на создавање услови за вложување во геријатријата и палијативната медицина.
Клековски вчера вечер се обрати на Втората годишна научна конференција за геријатриска и палијативна медицина. Конференцијата ја организираше Специјалната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ од Скопје, а министерот им честиташе на организаторите и на прим. д-р Ленче Нелоска за посветеноста.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.