Општина Кисела Вода гради секундарна водоводна мрежа долга 4,2 километри и нов резервоар, проект вреден 27.525.735,60 денари. Министерството за животна средина и просторно планирање ја дополнува инвестицијата со изградба на препумпна станица. Целта е сигурно, квалитетно и континуирано водоснабдување за целото население во овој дел од општината.
По завршувањето на подземната инсталација, следниот чекор ќе биде асфалтирање на патот, најави Мицкоски.
Проектот се реализира преку соработка меѓу Владата и Општина Кисела Вода. Мицкоски денеска изврши увид во градежните активности.
Постојната мрежа е изградена пред многу години со самопридонес на жителите. Според градоначалничката Бети Стаменкоска-Трајкоска, таа е надвор од современите технички стандарди, а жителите се соочуваат со секојдневен недостиг на чиста вода и исклучително слаб притисок во повисоките зони, особено во летните месеци. Проблемите со водоснабдувањето ги погодуваат и индустриските објекти во оваа зона.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.