Учениците организирале акција за собирање пари, со кои набавиле храна за големите и малите папагали. Иницијативата била дел од проектните активности на програмата IB MYP и била посветена на 100-годишнината на скопската Зоолошка градина.
Со учениците беа наставничките Татјана Галевска и Сунчица Петрева, како и координаторката за „IB MYP“, Сандра Ваневска.
Посетата вклучувала и едукативна прошетка низ Зоолошката градина, на која учениците се запознавале со различните животински видови, нивните карактеристики и начинот на живот, како и со потребите за нивна соодветна грижа и заштита.
Од Зоолошката градина им се заблагодарија на учениците, наставничките и училиштето за донацијата и покажаната грижа за животните. Изразија задоволство што младите се вклучуваат со вакви гестови, оценувајќи дека тие им помагаат на децата да учат за емпатија, одговорност и почит кон живите суштества. Според Зоолошката градина, љубовта кон животните се учи и се негува од најрана возраст, а ваквите искуства придонесуваат кон похумани и поодговорни генерации.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.