387 вести · 24 ч.
Берово 5°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Нова опрема за машинство и мехатроника во охридскиот „Св. Наум Охридски“ на почетокот на 2027

Извор на фотографијата: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски„-Охрид
Извор на фотографијата: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски„-Охрид
  • Грантот за машинска струка и мехатроника ќе се реализира целосно на почетокот на 2027 година.
  • Повеќе од 80 компании се вклучени во дуалното образование на училиштето.
  • Азески додели плакета за соработката меѓу училиштето и партнерските компании.

Грантот за опрема за машинска струка и мехатроника во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид ќе биде целосно реализиран на почетокот на 2027 година, најави директорот Сашо Недески при посетата на делегација на Стопанската комора на Македонија. Опремата е наменета за осовременување на наставата во училишната работилница.

Грантот од Фондот за предизвици е добиен во 2021 година, во соработка со компаниите Костал, ЛТХ Леарница, ОДВ Електрик и Комората. Недески ја претстави динамиката на неговата реализација пред претседателот на Комората Азески и делегацијата, на кои им ги покажа работните простории, сервисниот центар и кабинетите за учење преку работа и воспоставување дуален систем на образование.

При посетата беа претставени и целосно опремените кабинети за пневматика и хидраулика, енергетика и електроника, како и автомеханичарската работилница. За нивното опремување се обезбедени средства од РЦФ-фондот, локалната самоуправа и градоначалникот на Општина Охрид. Автомеханичарската работилница е и целосно инфраструктурно реновирана преку проект на Министерството за образование и наука.

Во дуалното образование на училиштето се вклучени повеќе од 80 компании и фирми, кај кои учениците реализираат учење преку работа. За успешната соработка меѓу училиштето и партнерските компании, претседателот на Комората Азески додели плакета.

Во делегацијата беа и д-р Ристо Јаневски, претседавач на Собранието на Комората, д-р Никица Блажевска, Мојсоски, потпретседател на Управниот одбор на Комората, м-р Анотони Пешев, извршен директор на Комората, и Кирил Коровешоски, директор на ГС1 Македонија.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.