Разговорот ги опфати работата на туристичкиот водич, искуствата и предизвиците што ја придружуваат професијата, како и луѓето што се запознаваат преку неа. Посебна тема беше претставувањето на местото во кое живееш пред посетителите, можност што гостинот ја опиша како привилегија.
Средбата се одржа на 12 ноември, во училницата на професорката Христина Арсовска, пријателка на гостинот. Намерата беше со учениците да се споделат знаењата и искуството стекнати по завршувањето на истото училиште.
За гостинот, враќањето имаше и лично значење: покрај повторната посета на училиштето каде што започнал сопствениот пат, меѓу присутните имаше и поранешни ученици на кои некогаш им предавал. Токму повторната средба со нив ја издвои како особено драга.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.