Заедно со наставничката Катерина Николовска, учениците ја обработуваа презентацијата „Моето Скопје низ призмата на историјата“. Делот „Од споменот за слободата до срцето на градот“ се осврнува на ослободувањето на Скопје на 13 ноември 1944 година.
Од сеќавањето на ослободувањето, есеите продолжуваат со замислена прошетка од плоштадот „Македонија“, преку Камениот мост, кон Старата чаршија. Мостот е претставен како врска меѓу двата брега на Вардар, а дуќаните, занаетчиските работилници и ановите во чаршијата ја раскажуваат историјата на Скопје како трговски и занаетчиски центар. Во презентацијата се застапени и Скопското Кале и Мустафа-пашината џамија.
Завршниот дел, „Моето Скопје – наследство што треба да го чуваме“, ја поврзува почитта кон борците за слободата и генерациите што го граделе и обновувале градот со пораката историските знаменитости да се зачуваат за идните генерации.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.