Покрај уличната мрежа, изградени се над 1,5 километри фекална канализација, 1,7 километри водоводна мрежа и 2,4 километри атмосферска канализација. Димитриевски наведе и 3,6 километри електрични инсталации.
Во инфраструктурата вложуваат Општина Куманово и Владата. Според градоначалникот, целта е да се создадат услови за нови инвестиции, отворање работни места и економски развој на целиот регион.
Зоната се простира на 65 хектари покрај коридорот Е-75, во близина на границата со Србија, меѓународниот аеродром, Скопје и главните транспортни врски.
Според податоците што ги соопшти Димитриевски, пет домашни и две странски компании имаат вкупни инвестиции од над 130 милиони евра во зоната.
Од вкупно 31 градежна парцела, слободни се 21. Намените за нови инвестиции опфаќаат лесна и незагадувачка индустрија, комерцијални и деловни објекти, големи трговски единици, хотелски комплекси и други содржини.






Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.