Меџити тврди дека законот, првпат во историјата на земјата, би им овозможил на албанските студенти да го полагаат правосудниот испит на својот мајчин јазик. Затоа смета дека албанската опозиција не смее да го користи Бадинтер како инструмент за негова блокада.
Објаснувајќи го својот став, тој посочи дека Бадинтеровиот принцип произлегува од преговорите за Охридскиот договор, во кои, како што нагласи, преговарачки страни биле Албанците и Македонците, а не политичките партии. Според Меџити, двојното гласање било воспоставено како уставен механизам за заштита на Албанците од надгласување, а не за едни Албанци да блокираат или да надгласуваат други, ниту за натпревар меѓу албанските партии.
Тој предупреди дека злоупотребата на Бадинтер за партиски интереси може да предизвика домино-ефект. Според него, таквата практика би можела да поттикне и други политички субјекти да бараат начини за манипулирање со двојното гласање и за надгласување на Албанците.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.