Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Регионална набавка на вакцини на маса кај Клековски и Падурару

Фотографија од настанот · Сашо Клековски
Фотографија од настанот · Сашо Клековски
  • Заедничката набавка на вакцини се разгледува за подобри услови и посигурно снабдување.
  • Разговараа и за иницијатива со Италија и БиХ за загадениот воздух.
  • Следниот министерски состанок на „SEEHN“ ќе се одржи во Букурешт.

Можностите за регионална набавка на вакцини беа тема на денешната средба на министерот за здравство Сашо Клековски со д-р Татјана Падурару, директорка на Секретаријатот на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа („SEEHN“). Според Клековски, целта на заедничкиот настап е да се обезбедат подобри услови и посигурно снабдување.

Клековски и Падурару разговараа и за заедничка иницијатива со Италија и Босна и Херцеговина за загадувањето на воздухот и неговото влијание врз здравјето. Министерот ја образложи потребата од регионална соработка со тоа што загадениот воздух и заразните болести не застануваат на границите, па и одговорите треба да се бараат заеднички.

На средбата беа разгледани и подготовките за министерскиот состанок на „SEEHN“, кој следната година ќе се одржи во Букурешт, како и финализирањето на Букурешката повелба.

Клековски ги посети и канцелариите на Секретаријатот, сместени во објект на Министерството за здравство во Скопје. Македонија е домаќин на Секретаријатот на мрежата, која неодамна одбележа 25 години и обединува девет земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Израел, Молдавија, Црна Гора, Македонија, Романија и Србија.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.