Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Клековски извести за напредок кон систем за рано предупредување за нови психоактивни супстанции

Фотографија од настанот · Сашо Клековски
Фотографија од настанот · Сашо Клековски
  • Клековски извести пред ЕК за чекорите за рано предупредување за нови психоактивни супстанции.
  • Мерките опфаќаат нова стратегија за дроги за периодот 2027–2031 година.
  • Меѓу чекорите се и законски измени и зајакнување на Националната опсерваторија за дроги.

Министерот за здравство Сашо Клековски соопшти дека пред претставници на Европската комисија известил за напредок во чекорите за воспоставување систем за рано предупредување за нови психоактивни супстанции. Тоа е една од мерките во надлежност на Министерството за здравство опфатени со Реформската агенда.

Клековски денеска учествуваше на онлајн состанок во Владата на Македонија посветен на напредокот во Реформската агенда. Претставниците на Европската комисија ги предводеше Херт Јан Копман, генерален директор во Комисијата задолжен за проширувањето.

Меѓу чекорите за чиј напредок известил, министерот ги наведе новата Национална стратегија за дроги за периодот 2027–2031 година и измените во Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции.

Клековски ги вброи и воспоставувањето и зајакнувањето на Националната опсерваторија за дроги, како и склучувањето работен аранжман со Агенцијата на Европската унија за дроги („EUDA“).

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.