Најважно
383 вести · 24 ч.
Берово 3°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Контејнери за стара облека и електронски отпад поставени во скопското „Кочо Рацин“

Фотографија објавена на јавниот профил на ООУ Кочо Рацин – Центар
Фотографија објавена на јавниот профил на ООУ Кочо Рацин – Центар
  • Целта е собраниот текстилен отпад да добие можност за повторна употреба и рециклирање.
  • Кирил и Методиј“ на ул. „Стив Наумов“ бб и ООУ „11 Октомври“ на ул. „Мирче Ацев“ бр. 102.
  • Општина Центар најавува дека наскоро ќе постави контејнери на уште девет локации.

Во ООУ „Кочо Рацин“ во Скопје се поставени специјализирани контејнери за одделно селектирање и собирање текстилен и електронски отпад.

Контејнерот за стара облека, обувки и друг текстил е поставен во соработка со Општина Центар и „ECO-TEKS GROUP“. Целта е собраниот текстилен отпад да добие можност за повторна употреба и рециклирање.

Контејнерот за текстилен отпад во ООУ „Кочо Рацин“, на ул. „Салвадор Аљенде“ бр. 2, е еден од поставените на 11 локации во Општина Центар. Контејнери има и во ООУ „Коле Неделковски“ на ул. „Антоние Грубишиќ“ бр. 8, ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ на ул. „Апостол Гусларот“ бр. 3 и ООУ „Киро Глигоров“ на ул. „Адам Мицкевич“ бр. 14.

Другите училишни локации за одложување текстилен отпад се ООУ „Гоце Делчев“ на ул. „Градски ѕид“ бр. 3, ООУ „Димитар Миладинов“ на ул. „Кочо Рацин“ бр. 17, ООУ „Св. Кирил и Методиј“ на ул. „Стив Наумов“ бб и ООУ „11 Октомври“ на ул. „Мирче Ацев“ бр. 102.

Текстилен отпад може да се одложува и во контејнерите во градинките „13 Ноември“ на ул. „Никола Тримпаре“ бр. 17а, „Кочо Рацин“ на ул. „Козара“ бр. 26а и „Раде Јовчевски Корчагин“ на ул. „Мирче Ацев“ бр. 10. Општина Центар најавува дека наскоро ќе постави контејнери на уште девет локации.

Вториот контејнер е обезбеден во соработка со „Нула Отпад“. Во него можат да се одложуваат стари и неупотребливи електрични и електронски уреди.

Од училиштето посочуваат дека со иницијативата сакаат да ја поттикнат еколошката свест, одговорното однесување и грижата за животната средина. Преку правилно селектирање на отпадот, целта е да се учи како секој може да придонесе за почиста и поздрава средина.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.