Предавањето го одржа невропсихијатарот д-р Људмил Кљусев, како дел од проектот „Предавање, помош и социјална заштита за зависности“. Проектот го спроведува Фондацијата „Никола Кљусев“, со поддршка од Град Скопје.
Преку отворен разговор и едукативни содржини беа обработени последиците од различните форми на зависност. Освен влијанието врз физичкото и менталното здравје, темите ги опфатија и последиците врз личниот, семејниот и социјалниот живот.
Посебно внимание беше посветено на развивањето свесност и лична одговорност, како и на способноста за носење здрави одлуки. Препознавањето на ризичното однесување беше поврзано со значењето на навременото барање помош и поддршка.
Од гимназијата порачаа дека зависноста треба да биде тема за разбирање, превенција и поддршка, а не за осуда. Ја нагласија и својата одговорност да создаваат средина во која младите ќе се чувствуваат безбедно да прашаат, да споделат проблем и да добијат соодветна помош.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.