На истата патека се вршат и машински ископ и рамнење на тампонската подлога, според информациите од претпријатието.
На булеварот „Партизански одреди“ се прередуваат пропаднати бехатон-плочи на тротоарот. На Кеј 13 Ноември, кај зградата на Јавното обвинителство, се прередуваат пропаднати гранитни плочи, а на плоштадот „Македонија“, кај зградата на МЕПСО, се работи на оштетените плочи.
Во Мега парк во Карпош се рамни тампонската подлога на пешачките и пристапните патеки.
Во Зоолошката градина се бетонираат темели за парапет на заштитна ограда на животинско живеалиште. На кејот на реката Вардар, пак, рачно се чисти обраснатата вегетација на косините.
Денешните активности опфаќаат и ноќно одржување на сообраќајната сигнализација и опрема на градските сообраќајници. На семафоризираните крстосници се санираат дефекти на семафорите и на светлосната опрема.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.