Најважно
384 вести · 24 ч.
Берово 3°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Во недела од 8 часот пренасочување на сообраќајот кај „Скупи“ и „Љубљанска“

Сликата може да биде изменета или целосно генерирана со вештачка интелигенција.
Сликата може да биде изменета или целосно генерирана со вештачка интелигенција.

Во недела, 15 ноември, од 8 часот сообраќајот кај крстосницата на улиците „Скупи“ и „Љубљанска“ во Скопје ќе се пренасочува по околните улици поради работи за воведување нови светлосни сигнали, најави ЈП „Улици и патишта“ - Скопје.

Сообраќајот во правецот опфатен со работите ќе биде целосно затворен, а времениот режим ќе важи до завршување на работите. Движењето ќе се регулира со соодветна сообраќајна сигнализација и опрема. На приодите ќе бидат распоредени и вработени од претпријатието за физичко регулирање на сообраќајот.

Екипите ќе започнат со демонтажа на порталните и обичните семафорски столбови, како и на семафорската опрема. Работите ќе се изведуваат според одобрен сообраќаен проект за измена на режимот на сообраќај и воведување нови светлосни сигнали на крстосницата.

Од ЈП „Улици и патишта“ апелираат до учесниците во сообраќајот да бидат трпеливи, да се приспособат на изменетите услови и целосно да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.