Со полагањето цвеќе им оддадоа почит на жртвата на Димов и на сите борци кои се кренаа против фашизмот и се изборија за слободата на општината и градот, соопшти локалниот огранок на Левица во Кисела Вода.
Од огранокот порачаа дека 13 Ноември потсетува оти слободата не е подарена, туку извојувана со храброст, жртва и непокор. Антифашизмот, според нив, не е само историско наследство, туку и вредност и обврска што треба да се чува и денес.
Поврзувајќи го сеќавањето на ослободувањето на Скопје и Кисела Вода од фашистичкиот окупатор со својата денешна политичка порака, од Левица нагласија дека, инспирирани од истата борбеност и непокор, продолжуваат да се борат градот и општината повторно да му припаднат на народот.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.