Случајот почнал со пријава од ловечкото друштво „Вардар“ Неготино. Според пријавата, на 10 ноември во ловиштето Корешница во Бистренци биле забележани две лица кои поставиле недозволени предмети за лов на диви животни и ловеле во време на забранет лов. Полицијата потоа презела мерки за нивно пронаоѓање.
Претресите биле извршени по наредба од Основниот суд Кавадарци. Во домот на М.М. (66) биле пронајдени и одземени предмети за лов на диви животни, ловечки патрони, ловечка пушка и месо од различни видови диви животни. Од домот на Т.М. (76) биле одземени пушка, предмети за лов на диви животни и дозвола за оружје со измината важност, соопшти МВР.
Полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода двајцата жители вчера во 19:10 часот и ги приведоа во полициска станица. Известен е јавен обвинител, а по документирањето на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, најави МВР.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.