Најважно
388 вести · 24 ч.
Берово 3°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Трајковски: Сеалката ја купивме во 2018, навигацијата проработе дури годинава

Гледај на YouTube

Сеалка и прскалка со можност за работа со навигација биле набавени уште во 2018 година, но системот бил ставен во функција дури годинава, раскажа Бубе Трајковски, сопственик на ТД ДЗП „Клечовце“ од Куманово, на тридневните активности за наука и иновации во земјоделството на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Трајковски објасни дека сеењето во компанијата се извршило со дигитална сеалка, при што навигацијата автоматски го исклучува системот на местата каде што веќе е посеано. Но, за да се воведе таквата технологија во практиката, според него, се потребни многу труд и работа, научна поддршка и финансиски средства.

ТД ДЗП „Клечовце“ се занимава со производство и трговија со семиња и житни култури. Според Трајковски, компанијата обработува 1.050 хектари земјоделско земјиште, а современите технологии се неопходни за развој и приспособување кон климатските промени.

Тридневните активности на УГД беа посветени на младите, науката, истражувањата и иновациите во земјоделството, под мотото „Од лабораторија до производство: наука, дигитална технологија и одржливо земјоделство“.

Во завршните активности, лабораториите на Земјоделскиот факултет беа отворени за средношколци. Ученици од СОУ „Јане Сандански“ од Штип и ДСУ-РЦСОО „Киро Бурназ“ од Куманово учествуваа во практични лабораториски часови.

Преку демонстрациони експерименти, средношколците се запознаа со лабораториската опрема, основните принципи на лабораториската работа и примената на хемиските анализи во земјоделството и заштитата на животната средина.

Елена Димитровска од Општина Кочани ја посочи работилницата како можност за споделување на искуствата и добрите практики од примената на дигитални решенија во сточарското и растителното производство, стекнати преку студиските посети на проектот.

Според Димитровска, модерното и одржливо земјоделство бара тесна соработка меѓу локалната самоуправа, факултетот, приватните компании и земјоделците. Таа објасни дека општините преку поддршка и реализација на европски проекти, факултетот со експертиза и иновации, компаниите со развој на дигитални решенија и земјоделците со нивна практична примена можат да изградат одржлив систем што би придонел за економскиот развој на регионот.

Проф. д-р Димитар Наков од Земјоделскиот факултет нагласи дека една од главните цели е искуствата и добрите практики од европските земји да се пренесат и применат локално. Тој ги посочи младите како двигатели на иновациите, но истакна дека успешната дигитална трансформација бара активно вклучување и на земјоделските производители и на советодавните служби.

Наков нагласи и дека новите технологии, вклучително и вештачката интелигенција, треба да станат подостапни за земјоделците, а младите да ги претворат иновациите во решенија за одржливо земјоделско производство.

На учениците им беше претставена и можноста своите истражувачки идеи и матурски теми по хемија и биологија да ги реализираат на факултетот, со користење на лабораториите и стручна поддршка од наставниот и соработничкиот кадар.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.