Најважно
388 вести · 24 ч.
Берово 3°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Апел до скопјани да не паркираат под дрвја поради најавениот јужен ветер

Архивска фотографија · Извор: mvr.gov.mk
Архивска фотографија · Извор: mvr.gov.mk

ЈП „Паркови и зеленило“ од Скопје апелира до граѓаните да не ги паркираат возилата под дрвја и да избегнуваат задржување во нивна непосредна близина поради најавениот јужен ветер.

Препораките следуваат по најавата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за променливо време со умерен до засилен јужен ветер. Од претпријатието посочуваат дека целта е да се намали ризикот од несакани последици.

Граѓаните што ќе забележат паднато дрво, скршени гранки или друга опасност предизвикана од силниот ветер треба веднаш да пријават на бројот за итни случаи 112. Пријави може да се достават и на дежурните телефонски броеви објавени на веб-страницата на ЈП „Паркови и зеленило“.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.