Новиот објект обезбедува дополнителни места за згрижување на 50 деца од предучилишна возраст.
Градинката се простира на 490 квадратни метри и има три занимални, мултифункционален простор и енергетски ефикасен систем за греење со топлотни пумпи.
Инвестицијата изнесува 47,5 милиони денари, обезбедени преку првиот јавен повик на Владата за финансирање инфраструктурни објекти.
Мицкоски рече дека проектите започнати по формирањето на Владата во јуни 2024 година постепено се завршуваат и веќе имаат корисници. Според него, целта е секојдневниот живот да стане поедноставен и поквалитетен.
Тој им се заблагодари на министерот, градоначалникот, пратениците, советниците, вработените во Општина Гази Баба и колегите од Владата за придонесот во реализацијата на проектите.
Мицкоски најави дека во следниот период ќе бидат завршени и пуштени во употреба и други проекти.
Објектот во Инџиково е втората нова градинка отворена во Општина Гази Баба, по градинката во Трубарево.
Министерството за социјална политика, демографија и млади најави дека наскоро се очекува отворање на уште еден објект меѓу населбите Маџари и Керамидница. Во следниот период е планирано и поставување камен-темелник на нова детска градинка во Сингелиќ.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.