Герасимовски им забележа на оние што го критикуваат дека, додека биле на власт во Центар, носеле по 30 детални урбанистички планови (ДУП), ги зголемувале габаритите и граделе. Во критиката ги спомена и панорамиките, а праша и кој ги давал дозволите за градење.
Според него, законската регулатива дозволува Општината да го кочи постапувањето извесен период кога има важечки детален план, но правата веќе дадени со донесувањето на ДУП-овите тешко се менуваат.
Градоначалникот посочи дека се донесени правилници за регулирање на, како што ја нарече, злоупотребата на подземните нивоа, кои граѓаните ги бројат како дополнителни катови.
Тој упати и обвинување кон неименувано лице кое, според него, им ги дава соопштенијата на неговите критичари. Герасимовски го обвини тоа лице дека ја кршело Општината за да се гласаат ДУП-овите.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.