Во Карпош 4 нови дрвја се засадени на улиците „Вич“, „Струма“, „Волгоградска“, „Трифун Бузев“ и „Воденска“, како и во дворот на спортската сала „Наум Наумовски – Борче“, позната како Партизан.
Во Тафталиџе 1 садници има во паркот кај маркетот „Зур“. Нови дрвја се засадени и на платото „Педагошка“ и на булеварот „Партизански одреди“ број 129.
Меѓу видовите што се садат се црн јасен, албиција и горски јавор. Садењето продолжува во Паркот на борците, на булеварот „Илинден“ и кај „Млечен“ во Тафталиџе 1, а акцијата ќе заврши во населбата Влае.
Од Општина Карпош посочуваат дека со дополнувањето на зелениот фонд се стремат кон почист воздух, повеќе сенка и поквалитетна животна средина за сите генерации.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.