За резервација и купување влезници, Домот на културата ги упатува посетителите на својата фејсбук-страница, каде што ги објавува упатствата за репризите.
Од понеделник, 16 ноември, претставата организирано ќе ја гледаат учениците од пониските одделенија од сите основни училишта во Кавадарци.
„Волшебникот од Оз“ ја претставуваат Театарот при Домот на културата „Иван Мазов Климе“ и ЈОУДГ „Рада Поцева“. Режијата и адаптацијата се на Микица Илова.
Во актерската екипа се Ивана Секуловска, Билјана Мазева, Саше Орешков, Силвана Ристова, Тана Ѓорева, Ирина Атанасов, Маја Ангелова, Билјана Куковска и Микица Илова.
Костимографијата е на Сара Милевска, а суфлер е Цеце Кимова. Сценската поддршка ја обезбедува тимот на Домот на културата, додека за светлото и тонот е задолжен Пепи Ангелов.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.