Ди Џакомо ќе биде специјален гостин-предавач на Семинарот за судии и делегати, организиран од Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија. Предавањата ќе се одржат во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје.
Пред семинарот, министерот за спорт Борко Ристовски се сретнал со Ди Џакомо. На средбата присуствувале и генералниот секретар на ОФМ, Филип Деспотовски, претседателот на Судиската организација при ОФМ, Влатко Ристовски, и членот на ПСО, Јосип Христов.
Според Борко Ристовски, европските искуства и знаења се важни за развојот на македонската одбојка и унапредувањето на професионалните стандарди. Тој посочил дека континуираната едукација на судиите и делегатите е значајна за поквалитетни натпреварувања и усогласување со европските стандарди.
Ристовски рекол дека Министерството за спорт останува посветено на поддршката на иницијативи за развој на одбојката, унапредување на стручниот кадар и размена на знаења и искуства со европските спортски институции.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.