Најважно
390 вести · 24 ч.
Берово 2°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Исчистен и ограден имот на „Водњанска“ бр. 54 по реакции на јавноста

Фотографија објавена на јавниот профил на Општина Центар
Фотографија објавена на јавниот профил на Општина Центар

По реакциите на јавноста, инспекциските служби на Општина Центар веднаш излегле на терен, а имотот на улицата „Водњанска“ бр. 54, претворен во мини-депонија, е исчистен и ограден по нивна наредба.

На локацијата било интервенирано во повеќе наврати поради постојано натрупување отпад и смет. Со решение, сопственикот е задолжен да го исчисти просторот и да спречи повторно создавање депонија.

Контролите продолжуваат. Општина Центар ги повикува сопствениците редовно да ги одржуваат своите имоти и да не дозволуваат создавање депонии, кои ја загадуваат животната средина и го загрозуваат здравјето на граѓаните.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.