Тошевски на средбата ги претставил начинот на функционирање на паркот, предизвиците со кои се соочува установата и плановите за развој на екоактивен туризам.
Францускиот пат во Националниот парк Пелистер датира од Првата светска војна и е важна врска меѓу преспанската и пелагониската страна на Баба Планина. Неговото обновување треба да придонесе за подобра заштита на природата, контрола на теренот и подобро следење на видовите.
Сервисниот земјен пат е предвиден во Десетгодишната програма за противпожарна заштита, Стратегијата за развој на туризмот во Националниот парк Пелистер и посебните планови за одгледување на шумите.
На средбата двете страни заклучиле дека патот има културно-историско значење, кое ќе создаде додадена вредност за развојот на екоактивниот туризам. Ле Риголер изразил заинтересираност активно да се вклучи во обновувањето, со цел патот да стане попривлечен за посетителите преку полесен пристап до историски податоци за воените дејствија долж трасата во Првата светска војна.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.