Најважно
390 вести · 24 ч.
Берово 2°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Децата од „Бисерчиња“ ја посетија Алфа телевизија

Фотографија од настанот · Градинка Росица – Ѓорче Петров
Фотографија од настанот · Градинка Росица – Ѓорче Петров

Децата од групата „Бисерчиња“ при објектот „Пампурче“ на градинката „Росица“ ја посетија Алфа телевизија како дел од проектот „Моето семејство, мое богатство“. Со нив беа воспитувачката Катерина Блажевиќ и негувателката Лилјана Крстева.

Активноста била насловена „Кај тато на работа во Алфа телевизија“. Децата прошетале низ телевизиската куќа и се запознале со професиите на новинарите, снимателите и водителите на вести и други емисии, како и со начинот на кој се создаваат телевизиски содржини.

Како благодарност за топлиот прием, децата рецитирале стихотворби, пееле песни и играле оро на сцената каде што се снима емисијата „Везилка“.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.