Акцијата ја организира Општина Прилеп во соработка со ЈКП „Комуналец“, јавните претпријатија, образовните институции и компании. Од местото на собирање учесниците организирано ќе се упатат кон локациите за чистење.
Посебен фокус ќе имаат комплексот кај Вештачкото Езеро, излетничкото место кај Селце и локалитетот Маркови Кули. Ќе се чистат и повеќе места со диви депонии, а за отстранување поголеми количества отпад ќе се користи механизација.
Во акцијата се најавува учество на градските институции, основните и средните училишта, јавните претпријатија и компании. Граѓаните што сакаат и можат да помогнат се повикани да се приклучат.
Организаторите повикуваат грижата за јавните места да продолжи и по акцијата: да не се создава отпад и да не се оставаат диви депонии.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.