Работилницата се одржала во тренинг-центарот на Црвениот крст. На неа учествувале помагатели и волонтери ангажирани во сервисот „Работно ангажирање на помагатели на лица со попреченост и стари лица“.
Црвениот крст ја поврзува потребата од вакви активности со предизвиците со кои помагателите се соочуваат на терен додека ја обезбедуваат услугата. Работилницата овозможила безбеден простор за отворен разговор, запознавање со меѓусебните искуства и споделување размислувања за конкретни животни ситуации.
Од организацијата истакнуваат дека било особено важно да се препознаат и вреднуваат трудот, посветеноста и подготвеноста на помагателите да им помогнат на луѓето на кои им е потребна поддршка. Црвениот крст нагласува дека секој човек, без оглед на состојбата и животните околности, заслужува внимание и почит.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.