Ова е прв центар од ваков вид во општината. Предвидено е да функционира како единствена контакт-точка каде граѓаните ќе добиваат информации и советување, а ќе бидат упатувани до соодветните институции и даватели на услуги.
Упатувањето ќе се однесува на услугите во областа на социјалната заштита, вработувањето, образованието, здравствената заштита и административно-правната поддршка. Посебен фокус ќе имаат потребите на ранливите и маргинализираните категории, меѓу кои Ромите, жените, младите, лицата со попреченост и другите граѓани со ограничен пристап до јавни услуги.
Целта е да се воспостави поефикасна, потранспарентна и подостапна комуникација меѓу граѓаните и локалната самоуправа, како и да се олесни пристапот до информации, услуги и институционална поддршка.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.