На различни локации во Скопје, СВР Скопје лишила од слобода осум лица. Петмина се од Скопје, М.С. (57), Ф.Н. (43), А.З. (21), Д.Т. (29) и 18-годишната А.Х. Лишени од слобода биле и Ф.Н. (53) од село Речане, гостиварско, како и Л.Р. (40) и А.Х. (39), двајцата од Шведска. Според МВР, кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и грутчеста материја.
На 29 септември во 02.30 часот, пред угостителски објект во село Боговиње, полициски службеници од ПО Камењане го лишиле од слобода Т.Ѓ. (21) од село Милетино. При прегледот кај него била пронајдена бела прашкаста материја.
На 28 септември во 20.20 часот, пред угостителски објект на улицата „Октомвриска“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода З.Т. (45) од Прилеп. При прегледот кај него биле пронајдени грутчеста материја и марихуана.
МВР соопшти дека по целосно документирање на случаите против лицата ќе следуваат соодветни поднесоци.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.