Најважно
390 вести · 24 ч.
Берово 2°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Од две диви депонии во Лагадин и кај Елшани отстранети 16 кубни метри отпад

Фотографија од настанот · Ј.П. „Охридски комуналец„- Охрид
Фотографија од настанот · Ј.П. „Охридски комуналец„- Охрид

Шеснаесет кубни метри кабаст и зелен отпад се отстранети од две диви депонии во населбата Лагадин и во околината на селото Елшани. Расчистувањето го извршија екипите на Охридски комуналец, кои беа на терен од раните утрински часови.

Акцијата е дел од секојдневното справување со расфрлан отпад на несоодветни места, на што предупредуваат од јавното претпријатие. Од Охридски комуналец повторно побараа граѓаните да не го расфрлаат кабастиот и зелениот отпад, туку да ги контактираат надлежните служби.

За кабастиот и зелениот отпад, граѓаните можат да ги контактираат дежурните служби на 075-495-428 и 075-397-944.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.