На средбата биле разгледани можностите за проекти што ги нуди Министерството, а би се реализирале во соработка со општината. Темите опфатиле привлекување нови инвестиции, развој на инфраструктурата и користење фондови и програми за економски раст и подобри услови за живот во општината.
Јакупоски изјави дека со Зејнула ги договориле следните чекори за соработка. Според градоначалникот, меѓународните партнерства и поддршката од Министерството отвораат можности за проекти што долгорочно би го подобриле животниот стандард на жителите.
Двете страни ја потврдиле посветеноста на поинтензивна комуникација и забрзано започнување заеднички иницијативи во наредниот период.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.