Според соопштението, меѓу осумтемина се Ј.Л. (20) од село Батинци, скопско, О.Ф. (22) од Скопје, В.Ќ. (34) од Гостивар, Л.Р. (38) од село Ѓурѓевиште, Општина Врапчиште, П.А. (22) од Кочани, Ф.Ш. (24) од Штип, како и Л.Ј. (21) и 15-годишна малолетничка од Прилеп.
Две лица, В.А. (46) од Скопје и Н.С. (27) од Кратово, управувале патничко возило и покрај активна забрана за управување моторно возило. Д.Н. (66) од Тетово управувал патничко возило под дејство на алкохол.
МВР наведува дека А.Н. (55) од село Велешта, струшко, возел со активна забрана за управување моторно возило, под дејство на алкохол и со брзина поголема од дозволената.
МВР соопшти дека соодветни кривични пријави ќе бидат поднесени по целосно документирање на случаите. Министерството апелираше учесниците во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите и да не возат без положен возачки испит, со изречена забрана за управување или под дејство на алкохол.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.