Меѓу примерите се практиката на лозарот Стефан Стојчев, кој ги враќа иситнетите лозови прачки во почвата, и производ за нега на усни со масло од семки од грозје, изработен од наставници и ученици во СОУ „Ѓорче Петров“. Статијата ја издвојува и пилот-иницијативата за миење и повторна употреба на стаклени шишиња.
Со поддршка на УНДП и преку Фондот за градски експерименти, финансиран од Министерството за финансии на Словачката Република, изработена е Стратегијата за екотуризам на Кавадарци за периодот 2026–2030. Таа предвидува поврзување на винскиот туризам со локалната храна, руралното сместување, занаетчиството и природните богатства.
Како можен следен чекор се разгледува создавање центар за екотуризам и иновации.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.