351 вести · 24 ч.
Берово 6°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

АВМУ во четврток ќе разгледува опомени и продолжување медиумски дозволи

Архивска фотографија · Извор: facebook.com
Архивска фотографија · Извор: facebook.com

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на 12 ноември ќе ја одржи 38. седница, на која се предложени јавни опомени за ТВ Гурра и продолжување осум дозволи за телевизиско и радиоемитување.

Седницата ќе почне во 11 часот и ќе се одржи преку видеоконференциска врска. Двата предлога за јавна опомена на ТВ Гурра од Кичево се однесуваат на прекршување на членот 51 став 1 и на членот 92 ставови 1 и 3 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

На дневниот ред се и предлог-одлуки за продолжување дозволи за телевизиско емитување на Алфа ТВ од Скопје и Канал Феста од Куманово, како и за радиоемитување на Голди од Велес, Радио Пулс и Галакси-2002 од Кавадарци, Блета од Тетово, Енџелс ФМ од Штип и Плеј Радио од Струга.

Советот ќе разгледува и предлог за отпис на застарени обврски на Агенцијата кон доверители и добавувачи, како и предлог за исплата надоместок поради смрт на член на потесното семејство на вработен во Агенцијата. На дневниот ред е и усвојување предлог-записник од 37. седница, одржана на 3 ноември.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.