Според објавата, подготовките траат неколку дена и ги опфаќаат улиците „6-ти Септември“, „Крсте Мисирков“, „Мирче Ацев“, „Цветан Димов“, „Злетовска“, „Карпошово востание“ и „Осоговска“, како и уредување и асфалтирање на неколку нови краци.
Прво ќе се подготвуваат и асфалтираат улиците во горната зона, а потоа работите ќе продолжат во останатиот дел, до детската градинка. Како цел на двете фази е наведено градежните работи да завршат навреме и квалитетно, со што помало нарушување на движењето на возилата и пешаците.
Граѓаните се повикани навреме да ги ослободат јавните површини опфатени со работите од дрва за огрев, предмети, камења, цвеќиња, хаварисани возила и други пречки. Тоа е потребно за проширување, уредување и подобрување на коловозите.
Николовски наведе дека продолжуваат работата и инвестициите во инфраструктура за граѓаните на Кратово.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.