Добредојде им посакале Јорданов, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ Дејан Мираковски, директорката на „Еразмус“ Ана Михајлов и претставници од академската заедница.
Јорданов напиша дека студентите се важен дел од развојот на Штип. Според него, силното високо образование создава млади луѓе со знаење, искуство и вештини, кои се иднината на општеството и носители на неговиот развој.
Тој наведе дека Општина Штип и понатаму ќе биде партнер и поддршка на младите и Универзитетот „Гоце Делчев“. На бруцошите им посака успешен почеток, убави студентски години и многу успеси.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.